Соопштение за јавност
Атнинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од неспособниот Христијан Мицкоски е навикнато на провизии, криминали и договорени тендери затоа денес измислува непостоечки случаи.
Провизии, криминални тендери и сомнителни зделки беа одлика на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски, а јавноста многу добро слушна како Груевски и неговата десна рака Миле Јанакиески, заради лично богатење договараа провизии за автопатите со што нанесоа милионски штети врз Буџетот на Република Македонија.
Граѓаните ја гледаат и чувствуваат очигледната разлика помеѓу криминалните шеми на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното работење на Владата предводена од СДСМ кое резултира со економски раст и напредок.
По години уназадување, економијата денес се движи во нагорна линија, платите растат, растат странските инвестиции, се обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, расте извозот и индустриското производство, а невработеноста опаѓа.
ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски не нуди ништо добро за граѓаните, нема план, нема програма ниту визија, туку нуди единствено лажни вести, деструкција, блокади и одбрана на криминалот.
Скопје, 24.12.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА