fbpx

Неспособниот Мицкоски нема идеја па поднесува неосновани интерпелации, партизацијата на МВР заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Неспособниот Христијан Мицкоски нема план, нема идеја, нема визија за општеството и напредокот на државата па поднесува неосновани интерпелации.

Мицкоски покажува дека е недостоен за граѓаните и за Македонија, преку неосновани барања за интерпелација се обидува да го закочи реформскиот процес, да ги забави процесите кои Македонија ја носат во ЕУ и НАТО.

Времето кога полицијата беше злоупотребувана во партиски цели, кога цветаше криминалот, кога се криеја убиства, а МВР беше претворена во МВРО-ВМРО, заврши со заминувањето на антинародното ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Како лева рака на Никола Груевски и неспособниот Мицкоски има директна одговорност за 11-те криминални години во кои злоупотребената полиција го бранеше криминалот на власта наместо да го гони.

Нема повеќе ВМРО-МВРО, партиски штабови и заштита на криминалците, полицијата денес работи одговорно, независно и професионално, како вистински партнер и заштитник на граѓаните.

Истовремено, сериозно се инвестира во подобрување на условите за работа на вработените во полицијата, за прв пат во толкав обем се реновираат полициските станици, се набавуваат нови униформи, чизми и опрема за работа, а од наредната година следува и зголемување на платите од 5 отсто.

Стапката на криминал се намалува, надлежните институции ефикасно и неселективно постапуваат по секое прекршување на законите. Граѓаните се сигурни и безбедни. Тоа го потврдуваат и испитувањата на јавното мислење. Согласно истражувањата на ОБСЕ, 75 отсто од граѓаните се чувствуваат безбедни.

Неоснованите интерпелации на Мицкоски нема да го запрат напредокот на Македонија кон ЕУ и НАТО.

Скопје, 24.12.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести