Соопштение за јавнсот
– Овој месец сите земјоделци добиваат авансна 30% субвенција, од 2024 година поддршката за зелена нафта достигнува 100%.
Преку конкретни мерки и политики изминативе години Владата предводена од СДСМ, во дело, покажа дека е искрен и верен партнер на земјоделците. Заедно партнерски со земјоделците, слушајќи го нивниот глас, ги креираме мерките и даваме повеќе поддршка за сите земјоделци.
Веќе од овој месец стартува авансната исплата до 30% од субвенциите за сите земјоделци, новост која ја за пр пат се реализира, предвидена со новиот модел за субвенционирање. Поддршка вредна 8,1 милион евра, намената за над 40.000 земјоделци.
Овие пораки ги упати членот на ЦО на СДСМ и министеро за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на трибината во Струмица „Повеќе за сите!“, додавајќи дека земјдоелците најдобро знаат, дека најсигурни се тогаш кога СДСМ ја води власта.
„Сведоци сте сите вие дека денес нема повеќе слекција и партиски списоци во земјоделството. Сведоци сте дека во еден ден, со едно решение се испалаќаат субвенциите до сите земјдоелци. Креиравме нов модел кој дава поголема поддршка за земјоделците. Повеќе за секој еден земјоделц. За прв пат авасно 30% од субвенците ќе ги добиваат сите земјоделци во тековната година. Ги насочуваме змејоделците да го произведуваат она што е стратешко за државата, поттикнувајќи го договорното прозиводство. Ги мотивираме да остварат поголем принос и своето домашно прозиводство да го дадат во домашните капацитети или сами да подготват финален производ“, исткана Николвоски во обраќањето.
Тој сподели убава вест со присутните земјдоелците, за стартот со изградба на откупните центри во Струмица и Ресен. Капитални проекти кои уште повеќе треба да го развијат и помогнат македонското земјоделство.
„На 25 декември во Владата ќе бидат потшишани договорите со што запоќчнува и официјано изградбата на откупните центри во Струмица и Ресен. Веќе го потпишавме договорот и активностите започнаа за изградба на логистичко дистрибутивната платформа во Скопје. Овие капитални проекти даваат шанса повеќе за сите земјоделци“, исткана Николвоски.
Николовски на трибината „Повеќе за сите“ во Струмица најави уште една важна мерка која дава повеќе поддршка за сите земјоделци.
„Уште едно наше ветување успешно го заокружвуаме. Пред земјдоелците ветивме зелена нафта и денес таа е реалност. Денес оваа наша мерка ја следат и други земји од регионот. Веќе во следната 2024 година поддршката за мерката зелена нафта достигнува до 100% за секој еден земјоделец. Ветување кое го дадовме пред вас, и го исполнуваме“, заклучи Николовски.