fbpx

Кирацовски се вклучи во хуманитарната акција на општинската организација на СДСМ во Прилеп

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во рамки на посетата на Прилеп, генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, се вклучи во хуманитарната акција во организација на Општинската организација на СДСМ Прилеп и даруваше крв.

Под мотото „Дарувај крв-спаси живот“ општинската организација на СДСМ во Прилеп денска ја организираше 17-та крводарителска акција во која се вклучија околу 60 членови, симпатизери и граѓани на Прилеп.

Општинските организации на СДСМ, оваа година, наместо прослави, за време на празниците и пред Нова Година организираат хуманитарни акции. Во духот на солидарноста и социјалдемократските вредности им помагаме на граѓаните на кои помошта им е најпотребна.

Последни вести