fbpx

За СДСМ дополнителни привилегии за пратеници не се прифатливи, граѓаните се тие кои ќе добиваат нови бенефиции

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

По одредени неофицијални најави пренесени во медиумите, информираме дека за Социјалдемократскиот сојуз на Македонија дополнителни привилегии за пратеници не се прифатливи.

Повластен статус за вработување не смее да има само затоа што некој бил избран или именуван функционер.

Бенефициите треба да им следуваат на граѓаните, а не да се зголемуваат кај оние кои треба да им служат на граѓаните.

Токму поради тоа, СДСМ застана и позади предлогот за намалување на патните трошоци за пратениците.

Пратениците имаат доволно права и бенефиции кои се одредени со закон и со Деловникот за работа на Собранието.

Македонија се гради како едно општество за сите и никој не треба да биде привилегиран ниту дискримиран без разлика на работата што ја извршува.

Доведувањето во привилегирана позиција на пратениците по престанок на нивниот мандат е спротивно на принципите на недискриминација и еднаквост кон кои се стреми македонското општество.

Очекуваме секој пратеник, секој избран или именуван функционер да покаже одговорност, особено во контекст на актуелните стратешки текови и да даде позитивен пример во интегративниот процес.

Скопје, 22.12.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести