fbpx

Мицкоски нема идеја, нема план, наместо да шири лажни вести да учи економија, јавниот долг сега опаѓа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нема поголемо зацрнување на економијата, државата и иднината од 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога парите на граѓаните бесмилосно се трошеа на криминални тендери, провизии, лажен барок и споменици додека граѓаните тонеа во сиромаштија.

Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на непродуктивно задолжување по огромни каматни стапки денес да зборува за задолжувања кога токму таа партија двојно го зголеми јавниот долг со своите расипнички и криминални политики.

За разлика од таквиот однос кон граѓаните и економијата, Владата предводена од СДСМ одговорно управува со парите на граѓаните, го стабилизира долгот и ја поставува економијата на здрави основи.

Фреквенцијата на аукции е намалена двојно, од четири пати месечно на два пати во еден месец, значително се намалени каматните стапки, а јавниот долг е ставен под контрола и не само што не се зголемува, туку се намалува

Доказ за тоа се и официјалните податоци кои покажуваат дека на крајот на 2016 година јавниот долг изнесувал 48,8 отсто од БДП, додека во третиот квартал од оваа 2018 година, јавниот долг изнесува 48,2 отсто од БДП.

Очигледно е дека антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски не може да се помири со успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и затоа постојано шират лажни вести.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат никаква програма, никаков план или идеја за доброто на граѓаните, единствено нудат лажни вести, деструкција и блокади.

По години уназадување, денес економијата се движи во вистинска насока. Растат платите, странските инвестиции, има раст на извозот, се намалува невработеноста, а јавниот долг опаѓа. Наместо лажни и лицемерни прес конференции, Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ можат да учат економија.

Скопје, 20.12.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести