fbpx

Институциите сега активно спроведуваат мерки за решавање на деценискиот проблем со загадувањето на воздухот, после 11 години

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ 11 години го игнорираше проблемот со аерозагадувањето и наместо да го решева дополнително го поттикнуваше преку криминални политики со кои го уништуваше зеленилото и ја загрозуваше животната средина и здравјето на граѓаните.

Наспроти таквото неодговорно однесување на ВМРО ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ, општините, министерствата, Град Скопје и надлежните институции спроведуваат низа мерки што имаат за цел да обезбедат почист воздух и поздрава животна средина за сите.

Повеќе пари од Буџетот на Град Скопје се одвојуваат за заштита на животната средина. Во споредба со минатата година, за следната година има за една третина повеќе одвоени пари.

За над 50 милиони денари се зголемуваат и средствата за изградба на нови паркови и унапредување на зеленилото.

Истовремено, обезбедени се 527 прочистувачи на воздух за сите 23 средни училишта на територија на град Скопје. Само со оава мерка на околу 22 илјади средношколци им е овозможен почист воздух во секој училишен ден.

Во тек се активностите и за реализацијата за изградба на гасоводна мрежа, што е една од клучните мерки во борбата против загадувањето.

За таа цел, во Буџетот на Република Македонија за 2019 година предвидени се средства во износ од една милијарда и 577 милиони денари, што е за дури 1.1 милијарда денари повеќе од средствата за 2018 година. Истовремено, за првпат е формирано и градско јавно претпријатие за гасификација и проектирање на гасоводен систем.

Набавката на 40 еколошки автобуси , субвенциите за електрични автомобили и вградувањето на систем на ТНГ за останатите возила, субвенциите за печки на пелети како еколошки начин на загревање на домовите и уште со многу други мерки се очекува 50 отсто намалување на загадувањето за две години во град Скопје , а 30 – 50 отсто на ниво на држава.

Владата предводена од СДСМ, заедно со град Скопје и надлежните институции на локално и национално ниво продолжуваат со мерките кои имаат за цел да стават крај на деценискиот проблем со аерозагадувањето.

Скопје, 20.12.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести