fbpx

Анти НАТО Мицкоски сака да ја носи Македонија во црни, темни провалии, освен црнила не нуди ништо добро, залудни се неговите обиди

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Анти НАТО Мицкоски кој нема став за клучните прашања за државата, кој го брани криминалот на Груевски е срам за Македонија.

Овој народ, граѓаните на Македонија, немаат кратко помнење, не можат да ги заборават црните 11 години кои тој, неговиот ментор Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и ги нанесоа на земјава.

Додека граѓаните осиромашуваа заради криминалот на ВМРО-ДПМНЕ анти ЕУ Мицкоски од Груевски добил бизнис со хидроцентрали и земјиште, токму во време кога бил негов советник.

Додека Македонија економски тонеше, далеку од ЕУ и НАТО, Мицкоски бил прв човек на кадровската комисија на ВМРО-ДПМНЕ и директен соучесник на сите црнила.

Додека Мицкоски гордо се шета низ палатата на ВМРО-ДПМНЕ симболот на криминалот и црните пари нема никаков кредибилитет и не е достоен за Гемиџиите ниту за Рацин.

Додека Македонија решава проблеми што неговата ВМРО-ДПМНЕ ги остави и забрзано чекори напред, црнило е да немаш став за најважните прашања, членството во НАТО и ЕУ.

Анти НАТО Мицкоски сака да ја носи Македонија во црни, темни провалии, освен црнила не нуди ништо добро.

Залудни се обидите на конфузниот Мицкоски. Секој ден Македонија и граѓаните се подалеку од темното минато на ВМРО-ДПМНЕ и се поблиску до членство во ЕУ и НАТО, до светла и сигурна иднина.

Македонија оди напред кон иднината и враќање назад нема, Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ остануваат сами и изолирани во одбраната на криминалот.

 

 

Последни вести