Соопштение за јавност
Лицемерна и лажна е грижата на антинародниот пион Христијан Мицкоски за тоа како живеат граѓаните на Струмица.
Особено затоа што токму неговата ВМРО-ДПМНЕ и неговиот ментор Никола Груевски 11 години не само што не вложија ниту еден денар во Струмица, туку дополнително ја опструираа работата на локалната власт, фирмите беа под постојат притисок и казни.
На Мицкоски во тоа време не му беше важно што Струмица и граѓаните на оваа општина 11 години беа заборавени од централната власт ВМРО-ДПМНЕ, единствено го интересираше бизнисот со хидроцентралите што го доби од неговиот ментор Груевски.
Мицкоски продолжува да шири лажни вести секаде каде што се појавува. Вистината за индустриската зона Сачево е сосема различна од она што го тврди пионот Мицкоски.
Сите парцели од индустриската зона кај Сачево се продадени. Парцелите со вкупна површина од 396 илајди метри квадратни, ги купија 16, домашни и странски компании кои градат свои производствени погони.
Општината веќе обезбедува патна и комунална инфраструктура, услови за градба и непречена работа на инвеститорите.
Компаниите што имаат подготвени архитектонски проекти веќе имаат и дозволи за градба. Сите активности се одвиваат согласно роковите, плановите и можностите на инвеститорите.
Наместо да шири лажни вести, Мицкоски може да учи што е економија и економски раст и развој.
Рекордниот износ од 327 милиони евра странски инвестиции во првото полугодие од 2018, растот на БДП во третиот квартал од годинава и падот на невработеноста на 20.8 отсто се само дел од економските показатели што ги демантираат лагите на Мицкоски и докажуваат дека економијата се движи во добар правец.
Очигледно е дека Мицкоски ниту на граѓаните на Струмица, ниту на граѓаните на Македонија не може да им понуди ништо освен измислици, лажни вести и одбрана на криминалот на неговиот ментор Груевски.
Скопје, 11.12.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА