fbpx

Мицкоски нема капацитет, нема понуда, со неоснованите барања нема да ги закочи реформите, Македонија оди напред

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски нема капацитет, нема понуда, нема идеја.

Единствена агенда на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е блокада на реформите и обид за закочување на иднината во ЕУ и НАТО.

Со неосновани барања и измислени причини за интерпелации нема да може да го одбрани криминалот на Груевски, нема да ги закочи реформите.

Македонија тргна напред и враќање во темното минато на криминал, корупција и изолација нема. Граѓаните ја поразија криминалната и антинародна матрица на ВМРО-ДПМНЕ и тргнаа кон иднина во ЕУ и НАТО, Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ остануваат сами и изолирани во одбраната на криминалот.

 

Скопје, 11.12.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести