fbpx

ВМРО-ДПМНЕ во очај злоупотребува човечки трагедии, демантирани се конструкциите што ги прави

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност 

 

Антинародното и лицемерно раководство на ВМРО-ДПМНЕ падна толку ниско што почна да злоупотребува човечки трагедии.

ВМРО-ДПМНЕ, партијата во чиешто владеење, здравството беше едно од најсмртоносните во Европа, денес злоупотребува трагичен настан, соочена со изгубената поддршка кај граѓаните.

Министерството за здравство веќе ги демантираше скандалозните конструкции, терапијата била обезбедена, но поради влошена здравствена состојба на пациентот, за жал не успеал да појде да ја прими.

Лажните вести, измислиците, злоупотребата на човечки трагедии за жал се единствените нешта што ги нудат ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

За разлика од таквиот нивен пристап, Владата предводена од СДСМ останува посветена на заложбите за градење на модерен, одржлив и ефикасен здравствен систем.

Продолжуваат инвестициите за развој на здравствениот систем. Со Буџетот за 2019 година кој е зголемен за 300 милиони денари , докторите специјалисти добиваат зголемување на платите за 10 отсто, а останатиот медицински персонал добива повисоки плати за 5 отсто.

Во собраниска процедура се измените на позитивната листа на лекови, зголемени се средствата за задолжителна имунизација и средствата за нови лекови за ретки болести. Се инвестира и во осовременување на медицинската опрема, а итната медицинска помош доби 12 нови возила.

Скопје, 09.12.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести