Соопштение за јавност
Најголемото црнило беше 11 годишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога парите на граѓаните безмилосно се трошеа за криминални додека државата и граѓаните тонеа во долгови и сиромаштија.
За разлика од таквиот криминален однос, денес економијата е поставена на здрави основи и се движи во нагорна линија.
Растот на платите, растот на БДП од 3 отсто во третиот квартал на 2018 година, намалувањето на невработеноста се последните економски показатели кои ја докажуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не можат да понудат ништо, немаат план, немаат идеја и програма што би донеле добро за граѓаните и државата.
Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пионот Мицкоски нудат само деструкција, блокади и дејствуваат спротивно на интересите на граѓаните.
Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ организираат протести на кои го бранат криминалот и се закануваат кон судии и обвинители.
Граѓаните и државата избраа да одат напред кон полноправно членство во ЕУ и НАТО, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ избраа да останат на браникот на криминалите на Груевски и неговите соработници.
Скопје, 09.12.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА