Соопштение за јавност
Скопје со денови е меѓу најзагадените градови на светот.
Додека Скопјани дишат отровен воздух, локалната власт на ДПМНЕ, која има мнозинство во Советот на Град Скопје, води јавни претпријатија, има над 500 членови по управните и извршните одбори, не презема ништо.
Нема мерки ни за намалување на тековното загадување, не се реализираат еколошки проекти, нема решенија за справување со загадувањето во Скопје.
ДПМНЕ во Скопје не прави ништо. Буквално ништо.
Пред советниците на Град Скопје е предлог Буџетот за наредната година, во кој има програми со намалени износи и до 70% во однос на ланскиот износ.
Советничката група на СДСМ и коалицијата ќе подготви и ќе предложи амандмани за подобрување на состојбите, на некои важни аспекти за Град Скопје.