fbpx

Честика на ДПМНЕ за граѓаните: поскапи цени за вода низ општините

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните добија новогодишна честитка од локалните власти на ДПМНЕ со покачени цени за вода.

Прилепчани во новата година ќе плаќаат вода, поскапа за 33 отсто, откако ДПМНЕ им го покачи данокот на имот за 300 отсто, сметките за комунални услуги за 67 проценти, како и паркингот и градскиот превоз.

Водата поскапува и во Битола, каде јавните претпријатија се во дебели минуси.

Комуналните услуги се покачени и во Гевгелија, Велес, Радовиш, Зрновци, Охрид и во други општини раководени од ДПМНЕ.

По џебот на граѓаните удри и општина Штип, каде е зголемен данокот на промет, такси превоз и надоместокот за ѓубретарина.

ДПМНЕ во над 40 општини, донесе нула резултати, нереализирани ветувања, поголеми сметки за граѓаните, задолжени општински каси.

Локалните власти на ДПМНЕ се најголемо разочарување за граѓаните.

Последни вести