Соопштение за јавност
Енергетските политики и мерки на СДСМ обезбедуваат пониски цени за граѓаните за електрична енергија.
Од првиот ден на новата година за домаќинствата ќе има пониска цена на електрична енергија.
За 5% поевтина цена во прв блок, а вториот блок и евтината струја остануваат исти.
Политиките на СДСМ во време на здравствена и енергетска криза даваат резултат.
Само со мерката за евтина дневна тарифа на струја, граѓаните заштедуваат 1.000 денари, мерка која најмногу ќе ја користат пензионерите.
Зголемувањето на енергетската независност, фокусот кон стабилна испорака на струја со цел заштита на ранливите и пензионерите осигураа пониски сметки.
Енергетиката и заштитата на стандардот на граѓаните остануваат во фокус на СДСМ и во 2024 година.