fbpx

Случајот со Атанасовски покажува како ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребувала институциите, ќе има одговорност за прислушувањето на ЈО

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Продолжува лицемерието на антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски преку кое се обидуваат да ги потценат граѓаните.

Јавноста многу добро знае дека ВМРО-ДПМНЕ е симбол на злоупотреби на институциите и на системско прекршување на човековите права преку масовното нелегално прислушување.

Новите признанија во процесот за 27 април покажуваат како кадрите на ВМРО-ДПМНЕ управувале со безбедносните служби и како ги злоупотребувале во лични и партиски цели.

Таквата криминална и антидржавна матрица во ВМРО-ДПМНЕ е присутна и денес. Токму поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, кој неколку обвинети лица го посочија како еден од организаторите на насилствата од 27 април, денес, според информации во медиумите е советник на Мицкоски.

Со тоа, се потврдува зошто Мицкоски бара целосна амнестија, се потврдува дека протестите што тој ги организира се единствено обид за амнестија на неговите соработници.

ВМРО-ДПМНЕ да престане со лажната загриженост. Започнатата истрага од надлежните институции ќе открие, кој ја нарачал, поставил и дали ја користел опремата за прислушување во Јавното обвинителство, инсталирана уште во 2013 година.

Нема да изненади доколку лицемерното раководство на ВМРО-ДПМНЕ кое денес бара одговорност за овој случај, во иднина повторно бара амнестија за лицата кои биле вмешани во прислушувањето на Јавното обвинителство.

Сите за кои ќе се докаже дека биле вмешани во овој случај ќе одговараат за нивните постапки.

 

Скопје, 05.12.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести