fbpx

ОЈО да ја истражи аферата на градоначалниците на ДПМНЕ со купувањето поскапи машини

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Надлежното јавно обвинителство да ја истражи аферата на градоначалниците на ДПМНЕ со купувањето поскапи машини од реалните цени

Општина Битола и општина Велес, раководени од ДПМНЕ набавиле машина за бележење хоризонтална сигнализација, по астрономски цени, неколку пати повисоки од реалните.

Општина Битола за речиси 50.000 евра набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација, а општина Велес купила иста таква машина по цена 40.000 евра повисока од реалната.

Од друга страна општина Илинден набавила таква машина по три пати пониска цена од набавките во Велес и Битола.

Одговорност за оваа шема за испумпување народни пари преку општините водени од ДПМНЕ мора да има.

Последни вести