Соопштение за јавност
Нема граници за лицемерието и несериозноста на ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на најголемиот скандал со прислушување во историјата на Европа, партијата симбол на системско погазување на човековите права и слободи.
Денес, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ лицемерно глуми загриженост за опрема за прислушување во Јавното обвинителство поставена уште во 2013 година, кога токму таа партија имаше апсолутна власт во државата.
Очигледно е дека актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е исто со она на Никола Груевски. До толку не е ништо променето, што денеска партискиот портпарол ги прераскажува лошите, навредливи фрази односно „вицови“ на осудениот криминалец Груевски што ги зборуваше по митинзи.
Наместо да прераскажуваат недолични фрази на Груевски, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пионот Христијан Мицкоски треба да одговорат за нивната улога и дејствијата во нелегалното прислушување, особено за информациите кога оваа опрема била инсталирана.
Особено ако се знае дека во времето кога избива најголемиот скандал со нелегално прислушување во историјата на Европа, Христијан Мицкоски станува советник на Груевски а бил и генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ.
Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека ќе има одговорност за сите вмешани во овој скандал.
Црните времиња на злоупотребување на функциите и кршењето на законите завршија со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Штетите наследени од катастрофата што ја предизвика ВМРО-ДПМНЕ се санираат, а остатоците од режимот на Груевски ќе бидат отстранети од сите пори на институциите.
Скопје, 03.12.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА