Соопштение за јавност
Mрежите, списоците и црните тефтери се карактеристика на криминалното и расипничко владеење на антинародното ВМРО-ДПМНЕ.
Денес, неможејќи да се соочи со реалноста дека заврши времето на непотизам и партизација на администрацијата со нивното заминување од власт, антинародното раководство на ВМРО -ДПМНЕ шири лажни вести базирани на медиумски шпекулации што веќе се јавно демантирани.
Нема поголемо лицемерие од тоа ВМРО-ДПМНЕ да зборува за професионализација на администрацијата кога токму ВМРО-ДПМНЕ организираше „лотарија за вработувања“ и без никакви критериуми вработуваше луѓе во државни институции, јавни и државни претпријатија и општини.
Владата предводена од СДСМ, преку започнатиот процес на реформи и професионализација на администрацијата, гради институции што работат професионално, независно и единствено во интерес на граѓаните.
Сите процеси на вработувања се транспарентни, според јасно утврдени законски услови и за сите лица важат еднакви критериуми.
Очигледно е дека антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со професионални институции и еднакви услови за вработување па затоа секојдневно шири лажни вести и измислува непостоечки случаи.
Скопје, 03.12.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА