Соопштение за јавност
Нелегалното прислушување и прогонот врз недолжни граѓани беше одлика на 11 годишното криминално и антидржавно владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски кога незаконски беа прислушувани десетици илјади граѓани.
Последниот скандал открива дека во 2013 година интерна опрема за прислушување била поставена и во Јавното обвинителство.
Пионот на Никола Груевски, антизападниот Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да одговорат за нивната улога и дејствијата во нелегалното прислушување, особено за информациите кога оваа опрема била инсталирана.
Особено што во времето кога избива најголемиот скандал со нелегално прислушување во историјата на Европа, Христијан Мицкоски станува советник на Груевски а бил и генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ.
Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека ќе има одговорност за сите вмешани во овој скандал.
Истрагата започната од надлежните институции ќе открие кој ја купил, поставил и користел опремата за прислушување, поставена уште во 2013 година.
Штетите наследени од катастрофата што ја предизвика ВМРО-ДПМНЕ се санираат, остатоците од режимот на Груевски ќе бидат отстранети од сите пори на институциите, груевизмот се деинсталира.