Соопштение за јавност
Пратеникот на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „24 анализа“ на телевизија 24 истакна дека се надева опозицијата да направи исчекор кон предлагање на министри и да биде дел од техничката влада.
Изгласување на техничка влада е законска обврска на секој политички чинител. Никој нема ексклузивитет да го преземе целиот товар. Неколку пати истапивме како политичка партија дека ова не е видено на политичката сцена дека во моментот кога некој ќе предлага свои министри, да не ги гласа, рече Костовски.
Костовски истакна дека ваквото однесување на ДПМНЕ има три постулати.
Прво дали имаат колебање, како ќе поминат на изборите, второ дали не веруваат едни на други и трето дали имаат кандидати, но да видиме со какви имиња утре ќе излезе ДПМНЕ, рече Костовски.
Костовски ги демантираше наводите на ДПМНЕ дека СДСМ не гласала за техничка влада во 2016 година.
Се направи забуна. Техничка влада на 02 септември 2016 годиба е изгласана 100 дена пред изборите на 11 декември, кога во салата имало 109 пратеници, за гласале 95, меѓу кои и пратениците на СДСМ, двајца против, а воздржани нула, рече Костовски.
Пратеникот Костовски нагласи дека техничката влада ги дава резултатите, драстично се сменети навиките и потсети какви беа изборите во времето на ДПМНЕ со влечење за уши, мали луѓе, а како се оценети последните изборни циклуси.
На престојните избори ќе се судрат два концепти, две страни на светот, исток и запад, нагласи Костовски, додавајќи дека Европскиот фронт предводен од СДСМ ќе го згази ДПМНЕ, ќе формира влада и ќе победи на претседателските избори.
Анализите покажуваат дека Европскиот фронт е блиску до 2/3 мнозинство, следуваат месеци на соочувања, а граѓаните ќе го дадат последниот збор, порача пратеникот на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „24 анализа“ на телевизија 24.