fbpx

Калеска Ванчева: Катастрофална е хорор изјавата на Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Изјавата на Мицкоски за хорор и кубење за коси е повеќе од катастрофална. Ништо не е сменето во ДПМНЕ. Ако во предвечерито на изборниот процес, однапред се кажува дека ќе биде хорор, дека ќе има тегнење и влечење, тоа не е во насока на она што значи демократски процеси и градење на капацитетите на државата,за одржување фер и демократски избори, истакна пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Калеска Ванчева, додаде дека граѓаните се тука да ценат и да судат на денот на изборите.

-Ние говориме за она што е добро, политички, особено во пресрет на изборите. И кога станува збор за техничка влада во која што учествуваат и министри и заменици министри на предлог на опозицијата. Тоа е нешто што дава поголема сигурност уште на самиот старт, поголем кредибилитет на изборниот процес кој што треба да следува а не да се фрла дамка ба изборите. рече Калеска Ванчева, додавајќи дека тука е суштината на техничкта влада, да не се фрла никаква дамка на изборниот процес.

Калеска Ванчева истакна дека покрај законите има нешто што се вика политичка култура, етика, морал, непозната за Мицкоски и ДПМНЕ.

Последни вести