fbpx

ВМРО-ДПМНЕ создаде заробена држава во време кога Мицкоски му беше советник на Груевски, денес Македонија оди напред

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

11 години Македонија беше во длабока изолација, со партизирани и злоупотребени институции и карактеризирана како заробена држава во која граѓаните тонеа во долгови и сиромаштија.

11 години во Македонија цветаа непотизмот, партиските вработувања и се вршеше масовна партизација од страна на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски и неговиот советник, пионот Христијан Мицкоски.

А Мицкоски како советник на Никола Груевски не може да побегне од тоа, тој е директен соучесник во тоа Македонија да биде заробена држава со партизирани институции.

Затоа, денес, антинародното раководство на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски не може да се помири со денешното професионално и независно функционирање на институциите и можноста сите граѓани да имаат еднаков пристап до вработувања со еднакви правила и критериуми.
Од заробена држава за краток период Македонија е пред влез во НАТО и пред добивање датум за преговори.

Со започнатиот реформски процес од страна на Владата предводена од СДСМ, државните институции и јавната администрација, работат слободно, независно, одговорно, професионално и единствено во интерес на граѓаните, наместо во интерес на партиите, како што беше за време на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Процесите за вработувања се законски, јавни и транспарентни и за сите важат еднакви услови и критериуми.

Скопје, 27.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести