fbpx

Буџетот за 2019 година обезбедува повеќе пари за граѓаните и придонесува за градење фер и праведно општество

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

По решавањето на долгогодишниот проблем на стечајните работници, по усвојувањето на Законот за отпис на камати на дологви, Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ продолжуваат со спорведубвање мерки што обезбезбедуваат поголема помош и повеќе пари кај ранливите категории граѓани.

Во 2019 започнува целосна реформа на системот за социјална заштита, создаваме фер систем кој извлекува од сиромаштија и нуди повеќе услуги за граѓаните, за што во Буџетот за 2019 ќе се обезбедат дополнителни 2.2 милијарди денари.

Преку реализација на предвидените мерки гарантиран минимален приход и „семеен пакет на права“ се обезбедува значително поголема парична поддршка на социјално загорзените семејства.

Се создаваат услови примателите на социјална помош да добиваат и до 300 отсто зголемена социјална парична помош. Истовремено, се олеснува пристапот до надоместокот на 24 000 домаќинства кои во моментот добиваат социјална помош, а се отвора можност да бидат опфатени и дополнителни 11.000 домаќинства.

Се воведуваат и детски и образовен додаток коишто ќе имаат за цел да извлекуваат од детска сиромаштија, кадешто ќе бидат опфатени повеќе од 60.000 деца/

Истовремено, ќе се спроведат интензивни мерки за подготовка и активација на граѓаните од социјално ранливите категории на пазарот на трудот.

СДСМ останува посветена на заложбите за градење на фер и праведно општество и продолжува на реализација на зацртаните мерки што се во интерес на граѓаните и преку коишто се гради фер, еднакво и социјално праведно општество.

 

 

Последни вести