Соопштение за јавност
Непотизам масовна партизација на институции и нивно злоупотребување за лични и партиски интереси се одлика на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Груевски која 11 години масовно ги партизираше и злоупотребуваше институциите во кои се вработуваа само партиски членови и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ.
Таквиот однос кон администрацијата и државните институции заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Со започнатиот реформски процес од страна на Владата предводена од СДСМ, државните институции и јавната администрација, работат слободно, независно, одговорно, професионално и единствено во интерес на граѓаните, наместо во интерес на партиите, како што беше за време на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Процесите за вработувања се законски, јавни и транспарентни и за сите важат еднакви услови и критуериуми.
Очигледно е дека антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со професионалното и независно функционирање на институциите и можноста сите граѓани да имаат еднаков пристап до вработувања со еднакви правила и критериуми.
Скопје, 26.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА