fbpx

Мицкоски може да учи како се работи одговорно, надмината е катастрофата оставена од ВМРО-ДПМНЕ, економијата се движи во добар правец

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Дали Мицкоски му даваше економски совети на Никола Груевски, човекот на кого му бил советник во неговиот кабинет, токму во времето на најголемата економска катастрофа што ја снајде Македонија?

Зошто кога економијата беше во минус и наместо раст имаше уназадување не се јави Мицкоски со статус на социјалните мрежи или не излезе со изјава?

Одговорот е едноставен, затоа што Христијан Мицкоски го бранеше и се уште го брани криминалот и криминалните политики на Никола Груевски.

Антинародниот пион Христијан Мицкоски може да учи економија и да учи како се работи во интерес на граѓаните, по економската катастрофа што ја остави неговата партија со 11 годишното криминално и расипничко владеење кога стотици милиони евра се потрошија на криминални тендери, лажен барок и споменици, додека сиромаштијата и долговите растеа.

Само последните три месеци од криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и нивните погубни политики донесоа пад на економијата од 1,3 отсто.

За разлика од таквиот криминален однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ преку мерките што ги спроведува обезбедува економски раст, нови инвестиции, нови работни места и поголеми плати за работниците.

Економијата е стабилизирана, платите растат во сите сектори, се намалува невработеноста, се обезбедуваат повеќе пари кај сите граѓани.

Растот на БДП од 3,1 отсто во вториот квартал, рекордниот износ на странски инвестиции во првото полугодие од 2018, растот на платите и пензиите, се само дел од економските показатели кои покажуваат дека економијата се движи во добар правец.

Очигледно е, пионот Мицкоски и антинародното раководство не нудат ништо, немаат програма, немаат идеја ниту план за добро на граѓаните, нивен единствен интерес е одбрана на криминалите на Никола Груевски и неговите соработници.

Скопје, 26.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести