fbpx

Субрата Рој шемите беа „инвестициите“ на криминалната ВМРО-ДПМНЕ, како и белиот дворец за што се отворени и судски постапки

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

11 години ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски ја уништуваше економијата и ги осиромашуваше граѓаните заради остварување на криминалните интереси на фамилијата.

Единтсвена „инвестиција“ на криминалната ВМРО-ДПМНЕ беше белиот дворец, за којшто се отворени и судски постапки.

Од познатите „инвестиции“ на криминалната ВМРО-ДПМНЕ се „дил ориентед„ шемите, како и сомнителните зделки со Субрата Рој и сличните на него, кои лажно беа претставувани како инвеститори.

Времето на договорени провизии, времето на сомнителни зделки и времето кога криминалци беа претставувани како лажни инвеститори заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Денес, Македонија и нејзините граѓани живеат ново време на напредок, развој и интеграција, време кое носи нови и реални инвестиции, повеќе пари кај граѓаните и фирмите.

Само во првото полугодие од 2018 забележан е рекорден износ на странски инвестиции од 327 милиони евра! Со Буџетот за 2019 како и со напредувањето во евроинтеграцискиот процес растот на инсвестициите дополнително ќе се интензивира.

Наместо да шири празни обвинувања, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ може да учи како се води економија и како се привлекуваат странски инвестиции без притоа да се трошат пари од граѓаните за скапи реклами, кампањи и роуд шоуа.

Скопје, 23.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести