Соопштение за јавност
Владата предводена од СДСМ, Министерството за животна средина, општините, Град Скопје и сите надлежни институции континуирано работат на решавање на проблемот со загадувањето.
Катастрофата наследена од ВМРО-ДПМНЕ, партијата која уништуваше се што е здраво и зелено, денес се решава со бројни активности на централно и локално ниво, со единствена цел да се обезбеди почист воздух за сите граѓани.
Меѓу другите, преземени се следните мерки:
1 Усвоен е План за чист воздух за кој ќе се одвојат дополнителни 1,5 милиони евра, над редовните со кои располагаат институциите
2 Засилени се капацитетите на надлежните инспекциски служби
3 Во Град Скопје и во повеќе општини континуирано се расчистуваат диви депонии
4 Лоцирани и соодветно санкционирани се физички и правни лица загадувачи на воздухот
5 Покрај пролетната акција за зазеленување кога беа засадени над 4.000 садници, Град Скопје во наредните денови започнува и есенска акција за зазеленување кадешто ќе бидат засадени над 3.500 висококвалитетни листопадни дрва во неколку скопски општини.
6 На депонијата „Дрисла“ обезбеден е и ставен во функција е новиот филтер за апсорбирање на ПМ10 честичките, јаглеродмоноксидот и другите честици што се ослободуваат при согорувањето
7 Владата предводена од СДСМ донесе одлука да се одобри кредит од 92 милиони денари за поставување на филтерска постројка за заштита од загадување за фабриката Југохром.
8 Реконструирани се и поставени се енергетско ефикасни фасади на објектите на неколку средни училишта во Скопје
9 Се субвенционираат трошоците за набавка на печки на пелети за домаќинствата кои се греат со нееколошки печки на дрва, а Владата предводена од СДСМ донесе одлука за зголемување на средствата за субвенции од 14 на 21 милион денари.
10 Преку кредит од Европската банка за обнова и развој Јавното сообраќајно претпријатие Скопје започна набавка на 40ина најсовремени еколошки автобуси на природен гас.
11 Активно се работи на проектот за гасификација. За првпат по 20 години формирано е градско претпријатие за гасификација и проектирање на гасоводен дистрибутивен систем во Скопје.
12 Се менува дотраениот и нееколошки автобуски превоз и во останатите градови. Општина Прилеп веќе набави 4 еколошки автобуси на природен гас кои ќе почнат да сообраќаат во март следната година, а ЕЛЕМ е во фаза на набавка на 4 автобуси за потребите на РЕК Битола и општина Битола.
13 Во Град Скопје реконтруирани и подигнати се нови зелени површини од над 40.000 квадратни метри.
14 Во наредниот период ќе следува субвенционирање на трошоците за купување хибридни возила и возила на електричен погон, а ќе се субвенционираат и трошоците за поставување на уред на погон на ТНГ во возилата.
15 Започната е анализа за намалување на ДДВ на испорачана топлинска енергија што ќе има за цел дополнителен број на домаќинства да се приклучат на топловодната мрежа.
Ова се само дел од мерките што се преземени, што се преземаат во моментов и што ќе бидат преземени наскоро во насока на решавање на долгогодишниот проблем со аерозагадувањето, со цел веќе за две години, загадувањето да биде намалено двојно.
Здравата животна средина и решавањето на проблемот со аерозагадувањето остануваат врвен приоритет за Владата предводена од СДСМ.