fbpx

Пионот Мицкоски призна дека е горд на криминалите на ВМРО-ДПМНЕ и својот ментор , но нема да го спаси Груевски од одговорност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштени за јавност

Антизападниот пион Христијан Мицкоски во вчарашното интервју призна дека е горд на криминалите на неговиот ментор и криминалната ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоки кажа дека со гордост влегува во белиот дворец изграден во време на најголемата сиромаштија и симбол на криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски.

Пионот Мицкоски конечно призна дека бил во посета на Белград и Унгарија, призна дека се сретнал со Виктор Орбан неколку недели пред бегството на криминалецот Груевски.

Се отвора сериозен сомнеж,  ова е јавно признание дека Мицкоски е дел од планот за бегство на осудениот Груевски.

Христијан Мицкоски лаже кога вели дека е за ЕУ и НАТО, бидејќи многу пати досега покажа дека работи на тоа да ја врати Македонија во темното минато на изолација, криминал и неизвесност.

Очигледно е, Мицкоски нема друга агенда освен одбрана на криминалите на неговиот ментор, криминалецот во бегство, Никола Груевски.

Антизападното раководство и антинародниот пион Мицкоски нема да го спасат од одговорност ниту Груевски, ниту неговите соработници. Груевски и сите оние за кои ќе се докаже дека го прекршиле законот ќе одговараат и ќе се соочат со правдата.

Последни вести