fbpx

СДСМ домаќин на регионален состанок со ПЕС: Силна порака за забрзан процес на евроинтеграции

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Денеска во седиштето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во Скопје, се одржа регионален состанок со Партијата на европски социјалисти (ПЕС).

„Овој значаен состанок во СДСМ на раководствата на социјалдемократските партии од регионот со ПЕС испраќа силна порака за нашата заедничка заложба за забрзан процес на евроинтеграции што за нашите граѓани ќе обезбеди европски стандарди за живот“, рече на состанокот претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

На состанокот е изразена јасна поддршка за европските перспективи на Република Северна Македонија, како и на целиот Западен Балкан, како потреба за квалитет на живот на граѓаните во државите според европски стандарди, но и како потреба за одржување на стабилноста и напредокот и на самата Европска Унија.

„Благодарност до нашите германски партнери и пријатели од ПЕС, СПД и Фридрих Еберт за големата поддршка што ја даваат на демократските процеси во Северна Македонија, вклучувајки го и полноправното членство во ЕУ во следните неколку години. За мене и за СДСМ, соработката со нашите партнери од меѓународната заедница по патот на европските перспективи, е голем мотив да продолжиме со прогресивните политики и да ја формираме и следната влада, којашто конечно ќе го оствари тридеценискиот европски сон на македонските граѓани“, рече на затворениот лидерски состанок претпладнево, претседателот Ковачевски.

Последни вести