Соопштение за јавност
Во интервју за МИА, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, посочува: „И во 2008 година кога ние требаше да донесеме одлука за решавање на спорот со Грција кој што е од 1993 година Хрватска реши да се европеизира и да држи состаноци во Брисел а нашата власт тоа време предводена од ВМРО-ДПМНЕ реши да ја антиквизира државата и да не врати 2 300 години назад“
„После 17 години во 2022 година ние ги започнуваме преговорите а Хрватска станува дел од Шенген и воведува евро, е тоа ВМРО-ДПМНЕ го има направено на македонскиот народ. – истакна Ковачевски и додава: „И каде оделе младите, па оделе во Хрватска, зашто затоа што Хрватска место да се занимава со антиквизација погледнете што го направија центарот на Скопје, од Александар Македониски, Филип, Олимпија и така натаму, Хрватска не го правеше тоа, преговараше макотрпно со ЕУ, правеше реформи и влезе во ЕУ и сега зошто иделе нашите млади во Хрватска, па затоа зошто има 30% повеќе фирми, затоа зошто има дупло зголемена плата, затоа што има скоро дупло зголемен БДП. Е затоа одат, затоа одат и во Чешка, вие во Прага било не разбирливо да најдете граѓанин на Југославија, вклучително и на Македонија, сега имате цели улици од наши граѓани, затоа што имаа економски напредок од дел од ЕУ.“ – истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Ковачевски.
Тој во своето интервју за МИА посочи и дека: „Тоа е иднината на Македонија, дел од ЕУ, тогаш не само што ќе си работат тука нашите млади туку и ќе почнат да доаѓаат од други држави кај нас како што нашите одат во други држави, тоа е иднината, се друго е замајување на граѓаните, се друго е барање на алтернативи кои никој друг не може да ги објасни, еве погледнете ја опозицијата, тие не можат да објаснат алетрнатива, каде има алтернатива во нивната програма за економската политика на државата, викаат дајте ни вие власт па ние ќе ви кажеме, епа 2008 година на аеродром претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели ќе одиме на избори, отиде на избори, тој не им кажа на луѓето дека ќе ги антиквизира.“