fbpx

Мицкоски да не се крие и да одговори за неговите посети на Белград и Будимпешта

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Наместо да се крие зад социјалните медиуми, зад неговите портпароли и зад антизападното раководството на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски треба да излезе и да одговори за средбата со неговиот ментор Груевски и за неговите посети во Белград и Будимпешта.

Мицкоски треба да даде одговор на јавните сомнежи, дали неговите посети на Белград и Будимпешта минатиот месец, се поврзани со планот за бегство на осудениот криминалец Груевски?

Со кого се среќавал пионот Мицкоски при посетите на овие градови и дали таму бил нацртан планот за бегство на Груевски?

Мицкоски пред граѓаните должи одговори за сомнежите за неговата вмешаност во кукавичкото бегство на Груевски.

Надлежните институциии, пред се Основното јавно обвинителство мора да отворат истрага преку која ќе бидат откриени и санкционирани сите лице кои се соучесници во бегството на осудениот криминалец Груевски.

Скопје, 15.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести