Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски упорно се крие од граѓаните зад социјалните мрежи и одбегнува да даде одговори на јавноста за неговата средба со Никола Груевски, што јавно, токму пионот Мицкоски ја потврди во телевизиско интервју.
Што било договарано на средбата Груевски-Мицкоски? Што значи тоа што пионот Мицкоски јавно го кажа дека разговарале за „неговата иднина“ и „личните моменти“?
Молкот на Мицкоски ги засилува веќе отворените сомнежи во јавноста дека антизападниот пион Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ знаеле или се поврзани со планот за бегство на осудениот криминалец Никола Груевски.
Мицкоски должи одговори за основаните сомнежи за неговите активности во изминатиот период.
Надлежните институции мора да отворат истрага за бегството на криминалецот Груевски и сите соучесници мора да бидат пронајдени и санкционирани.
Скопје, 15.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА