Соопштение за јавност
Непотизмот и криминалните шеми се двата концепта околу кои се врти целата кариера на антизападниот пион Мицкоски чија единствена политичка агенда останува заштита на криминалот на неговиот ментор Никола Груевски.
Пред да одржува празни, рециклирани прес конференции, портпаролот на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, да го праша неговиот шеф, како од толку професори на Машинскиот факултет, Мицкоски станал асистент кај неговиот татко?
Портпаролот на антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ да го праша Мицкоски, како токму тој од Владата на неговиот ментор Груевски добил согласност за користење вода и закуп на земјиште за изградба на хидроцентрали во време кога е советник.
Лагите и измислиците се веќе видена форма на комуникација од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Исто како што партизацијата на институциите и злоупотребувањето беа апсолутна асоцијација за ВМРО-ДПМНЕ предводено од Груевски која 11 години масовно ги партизиираше и злоупотребуваше институциите.
Со реформите, институциите работат слободно, независно, одговорно и во интерес на граѓаните. Сега сите граѓани имаат еднаков пристап до вработувања и за сите важат еднакви правила и креитериуми.
Вработувањето за кое денеска лажно обвинува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, како што е веќе јавно објавено, е времено на одреден период до крајот на годинава. Преку истиот оглас се вработени и други лица за кои институцијата проценила дека ќе бидат потребни и компетентни за извршување на работните обврски и тоа е јавно соопштено.
Скопје, 13.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА