fbpx

Се преземаат мерки за решавање на проблемот со загадениот воздух, по цела деценија непреземање ништо од страна на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заради остварување на лични, криминални и бизнис интереси, криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски 11 години го игнорираше проблемот со загдувањето и не презема буквално ништо.

Во Скопје, криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ го уништи зеленилото а потроши стотици милиони евра за барок, фасади, споменици и жални врби што резултираше Скопје со години да биде еден од најзагадените градови во светот.
Да се инвестираа овие пари во еколошки мерки, да се реализираа еколошки проекти и да се градеа еколошки наместо криминални стандарди овој реален проблем немаше да биде на дневен ред.

За разлика од игнорантски и неодговорен однос на ВМРО-ДПМНЕ, по промените, Владата предводена од СДСМ, Министерството за животна средина, општините, Градот Скопје и останатите надлежни институции, преку краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки започнаа да го решаваат проблемот со загадувањето на воздухот.
Сите се свесни дека има уште многу предизвици, уште многу работи треба да се направат, но после деценија не преземање ништо надлежните работат на системско решение и долгорочни ефекти.

Воведувањето на мерката со еколошки налепници за возилата, субвенцијата при купување на возило на електричен погон, субвенционирање на трошоците за вградување на уред за погон на ТНГ се дел од мерките кон кои ќе се пристапи со цел решавање на зголеменото загадување предизвикано од сообраќајот во урбаните средини.

Дополнително во претходниот период, како на центално така и на локално ниво, преземени се низа мерки кои влијаат. Засилен е инспекцискиот надзор на индустриските капацитети, се откриваат и расчстуваат диви депонии, воведени се субвенции за набавка на печки на палети, а заседни се нови, и проширени се веќепостоечките зелени површини.

Град Скопје воведе и неколку градски електрични автобуси и автобуси на гас, а веќе е планирана и набавка на нови 40 еколошки градски автобуси во следната година, со што старите кои претставуваат големи загадувачи би се исфрлиле од употреба.
Чистиот воздух, чистата вода и здравата животна средни се приоритет, Владата и надлежните институции преземаат мерки за решавање на овој реален проблем за граѓаните, што претходно беше целосно игнориран со години.

 

Скопје, 12.11.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести