fbpx

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се остаток од режимот и затоа го бранат криминалот на Груевски, никој не е над законите, правда мора да има има

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пионот Мицкоски се остаток на темното минато на режимот и затоа се посветени на одбрана на криминалот на Груевски.

Колку и да не му се допаѓа тоа на антидржавното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од пионот Мицкоски, во Македонија конечно функционира правото и правната држава, судството е ослободено од политички притисоци и законите важат за сите подеднакво.

Македонија денес е правна држава и секој за кој низ судска постапка се докажало дека го прекршил законот и за тоа постои и правосилна судска пресуда, мора да понесе одговорност.

Правда мора да има!

Скопје, 12.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести