Соопштение за јавност
Просечната плата СДСМ ја покачи на историски највисоко ниво од 40.000 денари или 650 евра!
Не само што го исполнивме изборното ветување пред граѓаните за 500 евра просечна плата туку и го надминавме на 650 евра.
Поголеми плати значат повеќе пари во џебот на граѓаните, повисок и подобар животен стандард.
Затоа СДСМ и во новиот мандат, во новата програма продолжува со политиките на зголемување на платите.
Ќе работиме да дојдеме до над 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра.
Со правилни политики ова е достижно, затоа што ние покажавме дека овие историски највисоки нивоа кои денес ги имаме, се исто така достижни.