Соопштение за јавност
Со, кандидатот за претседател на државата на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски граѓаните имаат јасен избор, членство во ЕУ и сигурна иднина.
Во досегашниот мандат Пендаровски покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани, без разлика на етничка, политичка, верска или каква било припадност.
Со негова одговорност и независност го врати угледот, интегритетот и кредибилитетот на институцијата Претседател на државата.
На претстојните избори, изборот пред граѓаните е продолжување на напредокот кон ЕУ или изолација.
На граѓаните и на државата не им треба претседател кој ќе кочи, туку претседател, како Пендаровски кој ќе турка напред по вистинскиот пат, кон европски животен стандард и европски вредности.
Македонските граѓани сакаат прогрес, економски напредок, стабилност, мир и спокој.
Затоа на претстојните избори ќе дадат силна поддршка за Пендаровски.