Соопштение за јавност
Предлог Законот за амнестија поднесен од антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е обид за брутален упад во правниот систем на државата и дерогирање на владеењето на правото.
Зад предлогот на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ стои единствено обид да се издејствува амнестија за носителот на криминалот, Никола Груевски и да се урне процесот на помирување започнат во Собранието.
На Македонија и е потребен процес на помирување, но тоа не значи упад во судството.
Правда мора да има.
Скопје, 30.09.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА