fbpx

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да лаже, нема нето задолжување од денешната аукција

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Антизападното и антинародно раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести преку кои се обидува да манипулира со граѓаните.

Лажни се тврдењата на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Со денешната аукција, нема нето задолжување.

На денешната аукција на државни хартии од вредност, обезбедени се 57,7 милиони евра, од кои утре и во периодот што следува ќе се врати речиси ист износ, односно 57,6 милиони евра по основ на порано издадени и доспеани хартии од вредност.

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и затоа секојдневно шири лажни вести.

Преку одговорно управување со финансиите, Владата предводена од СДСМ и Министерството за финансии, успеаја да го стават јавниот под контрола, фреквенцијата на задолжувања е намалена, а каматните стапки за задолжувања се далеку пониски од каматните стапки од задолжувањата за време на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно е дека за антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не постои друг начин на дејствување освен да шири лаги и измислици. Наспроти тоа, Владата предводена од СДСМ продолжува да ги спроведува мерките што обезбедуваат намалување на долговите, намалување на невработеноста и раст на платите и странските инвестиции.

 

Скопје, 30.10.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести