fbpx

Граѓаните дознаа за шемите со Груевски за хидроцентралите, затоа Хидро Мицкоски продолжува да го штити неговиот криминал

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот Христијан Хидро Мицкоски се фатени во лага, граѓаните ги дознаваат шемите со Никола Груевски и дознаваат како се стекнати хидроцентралите.

Јавноста вчера дозна дека компанијата “Енерготек ДОО Скопје“ каде дел од сопственоста има Мицкоски, има удел од 99% во конзорциумот „Минка-Енерготек“.

Истиот тој конзорциум во 2015 година, додека антизападниот Мицкоски бил советник кај неговиот ментор Груевски, токму од Владата на Груевски добива земјиште од речиси 33 илјади квадратни метри за изградба на хидроцентрала.

Очигледна е спрегата на антизападниот пион Мицкоски со криминалите на Груевски и таа секојдневно излегува на површина. Затоа Хидро Мицкоски продолжува да биде заштитник на криминалите на неговиот Груевски.

Јавноста ќе ги дознае сите детали за спрегата на Мицкоски со неговиот ментор и носител на криминалот, Груевски.

 

Скопје, 30.10.2018                                       

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести