fbpx

Ковачевски: Со СДСМ тутунопроизводителите добиваат повеќе, нова субвенција од 6.000 денари за хектар и зелена нафта

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Грижата за извозно-ориентираните гранки, како што е тутунопроизводството, ќе ја продолжиме и во вториот мандат на Владата предводена од СДСМ, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на денешната средба со тутунопроизводителите во Прилеп.

Ковачевски посочи дека со новата програма на СДСМ, тутунопроизводителите добиваат нови развојни мерки, за да имаат економично и попрофитабилно производство.

„Со новата програма на СДСМ за 2024 година, тутунарите покрај субвенција за откупен тутун по килограм ќе добијат и 6.000 денари по хектар обработена површина, а со тоа се стекнуваат со право од 2025 година да користат 100% од трошоците за нафта каде по хектар ќе изнесува 12.000 денари за зелена нафта“, рече Ковачевски.

Говорејќи за политиките и мерките за развој на вкупното земјоделско производство, Ковачевски потенцираше дека во новата програма на СДСМ, во делот на земјоделството предвидува зголемени субвенции за земјоделците.

„Со новата програма на СДСМ е превидено зголемување на сумата за субвенции во периодот од 2024 година до 2028 година, вкупно за земјоделството на 750 милиони евра, тоа е за 30% зголемување на субвенциите во однос на претходниот 4 годишен период, што крајно ќе придонесе и за раст на извозот до 1,2 милијарди евра. Владата предводена од СДСМ докажа дека е земјоделска влада, која ги слуша земјоделците и заедно со нив ги креира сите мерки за поддршка, и затоа има резултати, и затоа секоја поставена цел е остварена“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Последни вести