fbpx

Економијата се движи во добар правец, се намалуваат долговите оставени од ВМРО-ДПМНЕ, партијата чие раководство сега ја кочи иднината

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 11 години ја опустошуваше економијата, денес преку нејзиното раководство се профилира како кочничар на економијата и блокатор на иднината на државата, на членството во НАТО и ЕУ.

По промените, македонската економија бележи раст и се движи напред.

Потврда за успешноста на добрите економски политики е растот на Бруто домашниот производ од 3,1 отсто за вториот квартал од 2018 година, за разлика од последниот квартал за време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година, кога економијата забележа пад од – 1.3 отсто.

Само во првото полугодие од годинава забележан е рекорден износ на странски инвестиции од 327 милиони евра.
Расте извозот, растат платите и пензиите, зголемена е инвестициската активност на компаниите, расте индустриското производство, се зголемува бројот на работници во индустријата, а државниот долг што го остави ВМРО ДПМНЕ е намален.

Бројките доволно кажуваат, Македонија оди напред.

Единствено раководството на ВМРО ДПМНЕ останува да биде кочничар на процесот што обезбедува членство во ЕУ и НАТО и повисок животен стандард за сите граѓани.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, треба да се откажат од деструктивното однесување на раководството на оваа партија, да ги поддржат процесите во Собранието и уставните измени да бидат изгласани.

Клучни за понатамошен раст и развој на економијата е стабилна политичката состојба, членството во НАТО и продолжување на процесот на преговори со ЕУ.

Скопје, 16.10.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести