fbpx

Мицкоски нема да избега од волјата на граѓаните, Македонија ќе биде дел ЕУ и НАТО, предвремени избори ако продолжат блокадит

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Сите измислици на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, сите лажни вести паднаа во вода.

Уставните измени доставени во Собранието на Република Македонија потврдија: се зајакнува македонскиот идентитет, се унапредува грижата за дијаспората и Македонците кои живеат во соседните земји и во светот, се гарантираат границите и територијалниот интегритет, а со повикување на конститутивните одлуки од АСНОМ, се зацврстува историскиот континиутет на државноста.

Целокупната постапка е согласно Уставот, законите, Деловникот и на основа на јасно изразената мнозинска волја на граѓаните.

Над 80 отсто од сите граѓани и над 90 отсто од граѓаните кои гласаа на референдумот јасно кажаа дека се за иднина во ЕУ и НАТО.

Сите пратеници вклучително и оние од ВМРО-ДПМНЕ имаат обврска да ја почитуваат мнозинската волја и да дадат поддршка на уставните измени кои го зајакнуваат македонскиот идентитет и ги отвораат вратите за влез во ЕУ и НАТО.

Доколку врвот на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски продолжуваат да го кочат членството во НАТО и ЕУ, тогаш не преостанува ништо друго освен организирање на предвремени избори на кои граѓаните ќе ја потврдат одлуката за иднина во НАТО и ЕУ.

Мицкоски нема да избега од волјата на граѓаните. Амнестија нема, Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ.

Скопје, 14.10.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести