fbpx

Предлог ребалансот е за да им се помогне на општините да се справат со долговите оставени од ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ партијата што 11 години криминално и расичнички ја уништуваше економијата, денес, кога се санираат штетите од нивното криминално владеење шири лажни вести и невистини.

ВМРО-ДПМНЕ лаже. Не се доведени во прашање ниту пензиите ниту социјалните трансфери. Ниту пак економијата е пред крах како што лажно обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Напротив, по пустошот што ВМРО-ДПМНЕ го направи, економијата е стабилизирана и се движи во добар правец. Преку реални и одржливи економски политики на Владата предводена од СДСМ во Македонија има раст на економијата но и на инвестициите.

Имаме рекордни износи на странски инвестиции од 327 милиони евра во првото полугодие од годинава.

Растат странските инвестиции но расте и извозот, зголемена е инвестициската активност на компаниите, платите се зголемуваат, расте индустриското производство, а државниот долг што го остави ВМРО ДПМНЕ е намален.

Целта на Предлог-ребалансот на Буџетот за 2018 година е да се направат корекции на расходната страна со цел да се зајакнување на Фондот за здравствено осигурување Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Агенцијата за вработување, како и да се обезбеди финансиска поддршка за општините со цел да се намалат долговите на општините, направени токму во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Во изминатиот период раководството на ВМРО ДПМНЕ се профилира како кочничар на економијата и блокатор на иднината на државата, на членството во НАТО и ЕУ.

Неизвесноста може негативно да влијае врз економијата, а клучно за понатамошен раст и развој на економијата е стабилната политичката состојба, членството во НАТО и продолжување на процесот на преговори со ЕУ.

Затоа, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, треба да се откажат од деструктивното однесување на раководството на оваа партија, да ги поддржат процесите во Собранието и да ги изгласаат уставните измени.

Скопје, 14.10.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести