fbpx

Апелирам до сите пратеници, да гласаме за уставните измени и да обезедиме иднина во ЕУ и НАТО

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани,

Исправени сме пред мошне значајна, историска одлука за сите наши граѓани и нашата држава.

Сега е моментот на одговорност и делување, зошто не се знае дали некогаш воопшто ќе ја имаме оваа шанса.

Комисија за уставни прашања ги поддржа уставните амандмани , следен чекор  е пратениците да ја донесат сопствената одлука и  со тоа да бидат запишани како учесници на донесувањето на најважната одлука за државата и воедно за граѓаните .

Ги повикувам сите пратеници, особено оние од ВМРО-ДПМНЕ, да се одважат и да ги поддржат овие амандмани со што ќе ја обезбедат евроатланската иднина на нашата држава.

Сегa е моментот сите заедно, со заеднички сили да покажеме колку ни е грижа и колку и сакаме најдобро на нашата земја обезбедувајќи и светла иднина и членство во ЕУ и НАТО.

Граѓаните го искажаа својот став, мнозинството ја даде својата поддршка за тоа Македонија да биде дел од ЕУ и НАТО.

Затоа, ние како нивни претставници треба да ја послушаме нивната волја и да ги подржиме уставните амандмани.

Се докажа дека со нив не се губи ништо туку напротив, се гарантира идентитетот, неповредливоста на нашите граници и се зацврстува историскиот континуитет на државноста.

Како пратеници имаме должност и одговорност за донесувањето на оваа сериозна одлука.

Никој нека не се надева на амнестија. Доколку раководството на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму тврдоглаво ја турка Македонија во бездна, решението се предврмени избори, веднаш.

Нема бегање од волјата на граѓаните.

Апелирам до сите , да ја донесеме најзначајната одлука за нашата држава и да гласаме за уставните амандмани. Да бидеме горди што сме и го отвориле патот на нашата држава во ЕУ и НАТО и заедно сме обезбедиле иднина!

Последни вести