Соопштение за јавност
Токму ВМРО-ДПМНЕ и Ивица Коневски го создадоа проблемот во општина Аеродром.
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со поранешниот градоначалник, Ивица Коневски, го изгласаа и усвоија спорниот Детален урбанистички план.
Спротивно на волјата и потребите на граѓаните со тој план се предвидува уништување на зеленило и никнување згради, карактеристично за криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Советничката група на СДСМ во Советот веднаш се спротивстави на оваа одлука.
Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ денес да повикува на запирање на спроведување на ДУП И 10, план што токму ВМРО-ДПМНЕ го донесе ненајавено и без никаква јавна дебата.
СДСМ и тогаш и денеска е на страната на граѓаните, во заштита на зеленилото, интересите на граѓаните и ред во урбаното планирање.
Ставот на СДСМ против изградба на зграда пред Мајчин Дом во Аеродром и заштита на зеленилото и тогаш и сега останува ист, како и со ставот на граѓаните.
Ги подржуваме граѓаните и ги повикуваме да бидат гласни, заедно да се најде решение на овој проблем што го создаде ВМРО-ДПМНЕ.
Факт е дека локалната самоуправа во Аеродром како и во многу други општини во Скопје и Македонија наследи огромни проблеми.
Но, со посветена работа се надминуваат напластените проблеми.
Поднесени се повеќе иницијативи до надлежните судски органи за спорниот ДУП и се работи на решение.
Како што веќе објави градоначалникот на општина Аеродром, денеска е издадено решение за стопирање на градбата пред Мајчин Дом.
Градбата е стопирана и започнува процес на барање решение низ дискусија, заедно со граѓаните, со инвеститорот и со Град Скопје.
Скопје, 10.10.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА