Соопштение за јавност
Нелогичните барања за избор на Јавен обвинител по предлог на опозицијата од страна на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уште еден јалов обид да се издејствува амнестија за Никола Груевски.
Граѓаните и институциите спроведоа мирен, демократски референдумски ден на којшто граѓаните одлучуваа слободно, без притисоци и по сопствено убедување.
Лагите на ВМРО-ДПМНЕ се демантирани и од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР кадешто денот на референдумот беше оценет како мирен, спокоен и добро организиран, со мирнa кампања и постапки што се воделе непристрасно.
Во клучен период за иднината, раководството на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека не се грижи за интересите на државата и нејзините граѓани, туку останува заробена во деструктивната матрица, целосно посветена на одбрана на криминалот.
На ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски поважна им е иднината на Груевски, отколку иднината на граѓаните кои се за иднина во ЕУ и НАТО. Амнестија нема да има.
Наместо да биде фокусирана амнестија, раководството на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитува јасно изразената волја на граѓаните на референдум и да ги повика пратениците да се вкчучат во процесите што обезбедуваат целосна интеграција во ЕУ и НАТО.
Само на тој начин Мицкоски може да потврди дека е за членство во ЕУ и НАТО.
Скопје, 03.10.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА