fbpx

Единствената мисија на Иванов е загрозување на иднината, волјата на граѓаните за влез во ЕУ и НАТО е јасна и мора да биде почитувана

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Единствената политичка мисија на Ѓорѓе Иванов е загрозување на иднината, да прави штета врз врвните национални и државни интересии, бранејќи го по секоја цена криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.

Иванов, последниот остаток од режимот на ВМРО-ДПМНЕ е лице кое што сака Македонија да не успее, лице кое сака Македонија да остане во изолација.

Иванов воопшто не се грижи за иднината на државата и нејзините граѓани, тој цврсто стои на страната на темното минато на изолација, уназадување и неизвесност.

Но, колку и да се труди Иванов, Македонија,граѓаните нема да му дозволат да ја закочи македонската иднина.

Волјата на граѓаните е јасна и силна. Над 600.000 граѓани на референдум јасно се определија за влез во ЕУ и НАТО со загарантиран македонски идентитет.

Волјата на мнозинството е конечна и таа мора да биде почитувана од сите, вклучително и на Иванов, лицето што се уште срамно и недостојно ја извршува функцијата.

Скопје, 01.10.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести