Соопштение за јавност
Неоснованите пријави се панични реакции во врвот на ВМРО ДПМНЕ откако над 600 илјади граѓани слободно, на референдумот, гласаа ЗА.
Граѓаните и институциите спроведоа мирен, демократски референдумски ден на којшто граѓаните одлучуваа слободно, без притисоци и по сопствено убедување.
Лагите на раководството на ВМРО-ДПМНЕ се демантирани. Дури и мисијата на ОБСЕ/ОДИХР денот на референдумот го оцени како мирен, спокоен и добро организиран, со мирна кампања и постапки коишто се воделе непристрасно.
Волјата на граѓаните на реферндумот е јасно изразена, граѓаните се за иднината на Македонија е во ЕУ и НАТО. Должност на сите политички партии, на сите пратеници е да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани и да ги продолжат процесите што водат во ЕУ и НАТО.
Врвот на ВМРО ДПМНЕ, во немоќ, манифестира паника што и покрај бојкотот што го заговараше, граѓани и членови од оваа партија излегоа на референдумот и гласаа а мнозинството од над 600 илјади се изјаснија ЗА ЕУ и НАТО.
Затоа партијата што со години вршеше брутални прекршувања на изборниот законик, партијата што организираше избори по принципот „некое ливче нека снема“ и „вадење гласачи за уши“ денеска поднесува несоновани пријави.
Скопје, 01.10.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА